Македонија

Реконструкција на убиството на Саздовски

Наместо во судница денешното рочиште за убиството на Никола Саздовски продолжи на улица со реконструкција на местото каде се случи немилиот настан во присуство на сведоците и вешти лица, кај автобуската постројка во Автокоманда пред фабриката „Аклалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ каде улицата е затворена.

Двајцата од обвинетите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот во Шутка, а за третиот осомничен е во бегство и е сè уште недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни