Македонската претставничка во таеквондо на Олимписките игри во Париз, Миљана Рељиќ, беше поразена од Летициа Аун од Либан.
Рељиќ загуби во првиот сет со 9-8, во вториот беше израмнето, но поради повеќе удари во глава, претставничката од Либан го доби и вториот сет, и се пласираше во 1/2 финалето. Нијанси решија дека Ајун оди во следната фаза.
Сепак, ова не е крај на Рељиќ. Сега треба да се навива за Аун да влезе во финалето, за да ја повлече македонската претставничка во репесаж, и да има можност да се бори за бронзен медал.

