Македонската таеквондиска Милјана Релјиќ, не успеа да обезбеди влез во репасажот да се бори за медал на ЛОИ во Париз.
За такво нешто требаше нејзината противничка во 1/4 финалето Летициа Аун да влезе во финалето. Меѓутоа тоа не се случи, па така ова е крај за Релјиќ на Олимписките игри.
Останува уште денеска да биде познато дали борачот Владимир Егоров ќе обезбеди репасаж, додека на 10. август во маратон ќе се натпреварува Дарио Ивановски.

