Ременски: Правдата треба да биде гарантирана од независноста на судството

„Не му кажуваме на судството како да ја мери вината но може да му укажеме да има фер судење и внимателн пристап за настаните од 27ми. Ова тело нема намера да биде над обвинителството и над судовите, наша идеја е да разгледаме можност за сугестии и предлози кои ќе ги консултираме со експерти“,  додаде  Фросина Ременски, која копретседава со телото вели дека

Таа ја повика уште еднаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ да учествува во процесот на помирување и интеграција.

„Правдата и праведноста треба да биде гарантирана од независноста на судството, тоа не значи дека ние ќе му кажеме на судството како да суди, како да ги мери доказите и како да ја утврдува вината, треба да има внимателен пристап во делот на фер судење и мерење на вината на оние кои учествувале во настаните на 27 април. Оваа група нема намера да биде обвинителство и суд и да се става над нив. Нашата идеја е да ги разгледаме можностите за сугестија на одредени предлози кои секако ќе бидат консултирани со стручни лица.“ посочи Ременски.

 

Извор: ТВ21