Реновиран објектот на СВР Велес

„Денеска сме во посета на Секторот за внатрешни работи- Велес, во објектот кој комплетно го реновиравме со цел да обезбедиме подобри услови за работа за полициските службеници, што е дел од програмата која ја спроведуваме во изминатите година ипол, а ќе продолжиме и во иднина“, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на СВР Велес.

Во овој објект вложени се 3.600.000 денари и извршена е комплетна санација на покривната конструкција, замена на целата фасадна столарија со ПВЦ прозорци, фарбање на фасадата, молерофарбарски работи на целиот објект, изработка на бетонско плато во кругот на Секторот, како и изработка на вентилација и канализација во магацинот за чување на оружје.

Се вчитува...

„Она што го затекнав кога дојдов во МВР беа голем број запуштени и руинирани објекти, полициски службеници за кои цела деценија не беше набавена униформа, многу лоши услови за работа. Веднаш се зафативме за работа и еве, ги гледате резултатите. Полициските службеници постојано во текот на оваа година добиваат нови униформи, ги реновираме објектите за да обезбедиме соодветни услови за работа, а од овој месец ја зголемивме и платата на полициските службеници. Се разбира ние на ова нема да застанеме туку со овие активности продолжуваме и во текот на наредната година за кога планираме да вложиме нови 70 милиони денари за реновирање и реконструкција на објекти“, рече министерот Спасовски.

Извор: ТВ21