Македонија

Ресенчанка се обидела да удри полициски службеници – среќа сопатникот го свртел воланот и ги избегнал!

Ресенчанка се обидела да удри полициски службеници – среќа сопатникот го свртел воланот и ги избегнал!

На 14.02.2023 околу 22.15 часот во с.Грнчари, ресенско, на патот Макази – Маркова Нога, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Ресен ги лишиле од слобода П.Н. од Ресен и Ф.А. од с.Алданци, крушевско.

П.Н., која управувала патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, не застанала на даден знак за запирање од полициски службеници и се обидела да удри во нив, додека сопатникот Ф.А. го свртел воланот и ги избегнал полициските службеници, по што го запрел возилото.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни