Рецепт: Доколку имате две јаболка направете го овој колач кој е многу вкусен

Јаболката одат добро со сe, и ние веруваме дека семејството ќе биде задоволено кога ќе донесете миризливо уживање пред нив.

Се што ви треба се 2 јаболка и неколку состојки за вкусно тесто.

Tортата е толку едноставна и брза за подготовка што може да се пече додека ручате и после тоа можете веднаш да ја послужите.

Состојки:

3 јајца
2 јаболка
10 лажици шеќер
10 лажици масло
125 мл грчки јогурт
малку сол
7 гр ванилин шеќер
1 лажица оцет
22 лажици брашно
16 гр прашок за пециво
малку ореви и суво грозје
карамел или чоколаден сируп за гарнир

Подготовка:

Изматете јајца, шеќер, ванилин шеќер и сол со лажица, а потоа постојано мешајте и полека додавајте го маслото. Додадете и јогурт, а потоа и брашното и мешајте се додека не исчезнат сите грутки.

Изрендајте ги јаболките и ставете ги во сад. Исцедете половина лимон за да не потемнат, а потоа посипете со шеќер.

Намачкајте го плехот со путер и посипете малку брашно. Ставете ја смесата, а потоа посипете со ренданите јаболка, ставете ореви и суво грозје над јаболките.

Ставете ја да се пече на 180 степени околу 35-40 минути, а кога тортата ќе биде готова, декорирајте со течен сируп.