Состојки:
- 7 кг пиперки
- 4 литри вода
- 300 гр шеќер
- 200 гр сол
- 100 мл есенција
- 1 винобран
Подготовка:
Излупете ги пиперките и исечете ги на филети, па наредете ги во голем сад, кој може да се покрие. Истурете вода во шерпата, потоа додадете шеќер и сол и загрејте до вриење. Тргнете од оган, додајте ја есенцијата и винобранот, па прелијте ги пиперките со врела течност.
Потоа покријте ги и оставете да отстојат 24 часа. Потоа ставете ги пиперките во тегли и истурете ја течноста во која стоеја. Зачинете со зрна пипер и притиснете да се впие во течноста.
Вака подготвената пиперка може да стои долго време, бидејќи не содржи масло.
