Многу вкусен колач кој се подготвува брзо.
Состојки:
- 1 јајце
- 2 чаши шеќер
- 1 чаша масло
- 2 чаши мелен афион
- 3 чаши брашно
- 1 прашок за пециво
- 2 чаши млеко
(мерката е шолја од 2 дл)
Прелив:
- 100 гр чоколадо
- 100 гр путер
- 10 лажици млеко
- 10 лажици шеќер
Подготовка:
Јајцето се матат со шеќерот, се додаваат останатите состојки и се убаво се меша. Истурете во тавче подмачкано со масло и печете додека не се одвојат страните од тавата.
За прелив растопете го путерот со шеќерот, додајте ги чоколадото и млекото и прелијте со топлиот колач.
Се сече на коцки кога малку ќе се излади.
