Потребни состојки:
500 г пилешко бело месо
Магдонос
100 г целер
3 компири со средна големина
2 моркови
1 ловоров лист
2 лажички сол
1 лажичка бибер
2 лажички вегета
2 жолчки
200 г кисела павлака
Сок од лимон
1,5 л вода
Начин на подготовка:
Измијте го пилешкото месо, ставете го во тенџере со 1,5 литри ладна вода, поклопете и ставете го да се вари.
Откако ќе зоврие водата, додајте го зеленчукот и посолете. Потоа додајте вегета, бибер и ловоров лист. Откако месото ќе биде сварено, тргнете го од оган и исцедете го. Оставете ги месото и зеленчукот да се изладат. Исечкајте го месото на коцки, како и морковот, компирот и целерот.
Исцедената течност вратете ја во тенџере и додајте сечкано месо и зеленчукот. Потоа додајте уште малку вегета и оставете да врие уште неколку минути.
Во посебен сад изматете ги жолчките и киселата павлака. Тргнете го тенџерето од оган и сипете ги изматените жолчки и павлака со постојано мешање но, само по површината на чорбата за да не се направат грутки.
Пред сервирање може да додадете магдонос, а по желба и сок од лимон или оцет.
