РЕЦЕПТ: Пилешко со сусам и сирење

Пилешко во крем сос

Состојки:

– 400 гр пилешко месо

– 3 лажици брашно

– 1 лажица сусам

– сол, бибер

– 30 гр путер

– малку маслиново масло

– 150 мл млеко

– 50 гр сирење

– сув билен зачин

– магдонос

Подготовка:

Пилешкото месо исечкајте го на ситни коцки, па веднаш измешајте го со сувите билки, биберот, брашното и сусамот.

Загрејте ги путерот и маслото, па додадете го пилешкото и пропржете неколку минути со постојано мешање.

Кога убаво ќе се испржи пилешкото, додадете млеко, магдонос и оставете да се вари неколку минути.

Потоа додадете го ренданото сирење и кога ќе се растопи тргнете го од шпоретот.

Ова јадење е одлично со салата, а можете да го користите и за правење сендвичи или да го јадете со пире од компири.

Пријатно!