РЕЦЕПТ: Турска гибаница – најсочната пита на светот вака се прави!

Направете ја најсочната пита на светот:

Состојки:

  • Кори за пита

За премачкување

  • 1/2 чаша вода
  • 1/2 чаша млеко
  • 1/2 чаша масло
  • 2 јајца

За фил:

  • Фета сирење
  • Чедар сирење
  • Спанаќ

Ќе ви бидат потребни и една жолчка и сусам

Подготовка:

Изматете вода, млеко, јајца и масло. Ставете една кора на плех, па премачкајте ја со смесата која ја направивте.

Потоа натопете 2 кори во оваа смеса и ставете ги на првата кора.

Издробете ја фетата, изрендајте го чедарот и исецкајте го спанаќот, а потоа сето тоа измешајте го.

Добиениот фил ставете го со кората. Ставете уште 2 кори кои претходно ги натопивте во смесата, а потоа повторно додајте од филот.

Редете додека не потрошите се.

Покријте ја питата со последната кора, а потоа премачкајте со изматена жолчка и посипете со сусам. Печете на 200 ° C околу 30 минути.