Рецепт за вкусни колачиња од тиква

Задоволство за љубителите на тиква и цимет.

Состојки
– 2 чаши (од 250 мл) брашно

– 1 шолја шеќер

– 2 ванилин шеќери

– 2 лажички цимет

– 1/2 лажичка сол

– 2 лажички прашок за пециво

– 1 лажичка сода бикарбона

– 1 јајце

– 1/2 чаша сончогледово масло

– 1 шолја пире од тиква

– чоколадни капки или сечкано чоколадо

Подготовка

Измерете ги сувите, влажните состојки и потоа измешајте ги. Оставете го да отстои 20 минути, а потоа извадете го со топка за сладолед на плех.

Оставете многу простор помеѓу колачињата бидејќи ќе се издуват додека се печат.

Се пече во загреана рерна на 180 степени 10 до 15 минути.

Добар апетит!