Македонија

Ристески: Елката на Данела како и системот во државата, тажна и бедна

Ристески: Елката на Данела како и системот во државата, тажна и бедна

Љупчо Ристески потпретседател на Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ вели дека новогодишната елка на Данела Арсовска е идентична како и системот во државата, тажна и бедна.

„Елката на Данела пред мене е како и градоначалничката на Скопје поддржувана од СДС, ДУИ и Левица, празна и никаква.

Оваа елка позади мене е светско чудо, а за прв пат можеме да се согласиме со Арсовска навистина ниту еден главен град во светот нема ваква елка, но исто така ниту еден главен град нема и ваков градоначалник, а и прашање е зошто воопшто би имал…

Веројатно се работи за некаков маркетинг трик. Едната половина да се накити во оваа, а другата во наредната година. Баш менаџерски.

Вака изгледа Скопје кога Арсовска кити, а под маса дели поклони со СДС, ДУИ и Левица.

За омилените на Данела еве и поклон. Купче пари за сметководителот Драги, и секако боксерски ракавици за секретарот на градот Глигоров.

Арсовска да не го мачи Скопје повеќе, а и таа да не се мачи со неко, нека си даде оставка. Што побрзо тоа подобро“, вели тој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни