Македонија

Ристовски се повлекува од репрезентацијата: Односот со Милевски не е во најдобар ред

Ристовски се повлекува од репрезентацијата: Односот со Милевски не е во најдобар ред

Репрезентативецот Стефан Ристовски се повлекува од Македонската фудбалска репрезентација. За тоа и се обрати на јавноста:

„Сакам да ја известам целата македонска јавност и сите медиуми, дека за доброто на репрезентацијата во наредниот период сакам да се повлечам од Македонската фудбалска репрезенатција.

Ќе бидам искрен и краток.

Во професионалниот фудбал не треба само да истрчаш на зелениот терен. До успех се доаѓа со план, визија, идеја, сплотеност, услови и почит кон секој репрезентативец, за на крајот да направиш успех.

За репрезентацијата секогаш сум играл и сум се борел со цело срце, искреност и љубов како во соблекувалната и теренот, така и надвор од него. И покрај сите мои напори и вложувања, гледам дека работите во репрезентацијата одат во погрешна насока, што го покажуваат и резултатите.

Односот меѓу мене и сегашниот селектор Благоја Милевски не е во најдобар ред, за што и лично сме разговарале. Од моја страна му било предочено, како капитен, за се она што се случува во и околу репрезентацијата. На играчите им посакувам среќа и успех во наредниот период.

Им благодарам на сите навивачи и целата македонска јавност кои безрезервно не бодреа на сите натпревари на кои ги браневме боите на Македонија“, стои во соопштението на капитенот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни