Македонија

„РМВ“ или „РСМ“ исто е за некои министри

„РМВ“ или „РСМ“ исто е за некои министри

Попладнево ни пристигна покана за прес конференција на Министерот за информатично општество и администрација.

Интересно е тоа што, најверојатно првично поканата е напишана на албански јазик, а потоа со Google превод е преведена на македонски јазик.

Па така кратенката РМВ која на албански јазик означува „Република Северна Македонија“, не беше јасна за Google па остана РМВ и во преводот на македонски јазик.

Инаку пред една недела Собранието го донесе законот за македонски јазик кој дополнително утврдува како и каде да се употребува македонскиот јазик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни