Рочиштето за 27 април одложено за утре, Кацарска се „скара“ со адвокатот на Чавков

Рочиштето за настаните од 27 април е одложено за утре во 11:30 часот, бидејќи адвокатот на обвинетиот Митко Чавков, Сашко Дукоски истакна дека немал доволно време да ги среди декласифицираните докази од МВР, според списокот на докази предложени до судот.

Судијката Кацарска му соопшти дека вчера судот неколку пати го барал Дукоски и дека тој не се одзвал на повиците, по што Дукоски се правдаше дека бил на интервенција за синусите.

Се вчитува...

Извор: ТВ21