Македонија

Родители од Струга добија кривични пријави – 16-месечно дете било донесено со тешки телесни повреди

Родители од Струга добија кривични пријави – 16-месечно дете било донесено со тешки телесни повреди

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

На 12.02.2023 околу 11.00 часот во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга, а по преземени мерки констатирано е дека детето се здобило со повреди во домот на пријавените, откако врз него паднал дел од мебел.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни