Гледам силна посветеност на Владата да се работи и да се следат препораките од ЕУ, вели евроамбасадорот Михалис Рокас во интервју за МИА. Според него, сега приоритетот треба да биде Законот за судски совет, многу важна реформа особено за начинот како е формиран, како се избираат и разрешуваат судии.
Во однос на уставните измени и Францускиот предлог плус, евроамбасадорот вели дека се запознаени со истиот, но дека тешко дека ќе биде прифатен, бидејќи има став на ЕУ од 27 членки.
Одлуката за уставни измени е суверена одлука на Владата, и е многу важна, ние имаме огромна почит за тоа како Владата сака да продолжи понатаму и решенијата кои сака да ги постигне, но процесот е сосема јасен, и тој може да биде веднаш и може да се одвива многу брзо и тоа што можам да го повторам е целосната посветеност за пристапување кон ЕУ, што ја вклучува и Северна Македонија, вели Рокас во интервју за МИА.