Македонија

Росвал пристигна во Скопје, утре на тет-а-тет средба со Маричиќ

Росвал пристигна во Скопје, утре на тет-а-тет средба со Маричиќ

Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу-Халили на Меѓународниот аеродром – Скопје ја пречека шведската делегација предводена од министерката за ЕУ и Нордиска соработка, Јесика Росвал.

Абдиу-Халили ѝ посака добредојде на министерката за ЕУ и Нордиска соработка во Владата на Кралството Шведска и укажа дека официјалната посета на Скопје е уште една потврда на постојаната поддршка што Шведска ѝ ја дава на нашата држава во евроинтегративниот процес, со верување дека истовремено ќе даде дополнителен поттик за соработка помеѓу двете држави.

Утре Росвал ќе оствари тет-а-тет средба со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, а ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи, Османи.
Во рамки на официјалната посета на Скопје шведската делегација ќе се сретне и со претставници од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката за ЕУ и Нордиска соработка, Јесика Росвал, посетата на Скопје ја реализира за време на шведското претседавање со Советот на Европската Унија, што е од голема политичка важност за нас и за процесот на преговори со ЕУ, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања.
Од Скопје шведската делегација заминува за Тирана каде министерката Росвал ќе оствари средби со високи државни претставници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни