Можеби изгледа комплицирано, но гулашот со пилешко е јадење кое добро функционира за секого.
Не мора да сте одличен готвач за да успее овој гулаш. Сè што треба да направите е да ги следите нашите упатства и ќе добиете совршенство.
Состојки:
-
- 300гр кромид/2 малку поголеми глави
- 1 среден морков/80-100гр
- 2 чешниња лук
- 60 мл масло
- 600 гр пилешко филе
- 1 лажица црвен пипер
- сол, бибер, зачини по вкус
- 150 мл пасирани домати
- 100+400мл вода
- Ловоров лист
- кари по вкус
Подготовка:
Попржете ги кромидот и морковот. Додадете го пилешкото филе исечено на мали коцки. Кога месото ќе почне да се лепи за тавата, додадете ги пасираните домати и малку вода. Гответе додека сè не зоврие. Додадете го ловоровиот лист и другите зачини и варете уште малку. Послужете со пире од компири.
