Потребно ви е:
- 300 грама буковки
- 1 кромид
- 1 рендан морков
- 1 рендан пашканат
- 100 ориз
- Зачини, масло и вода.
Подготовка:
Оризот добро измијте го и оставете го во вода околу еден час. Во тава испржете го кромидот на малку масло. Додадете рендан морков и пашканат и малку динсајте.
Додадете ги ситно сечканите печурки. По десетина минути додадете го процедениот ориз. Промешајте, додадете зачини и додајте вода. Оставете да врие околу 15 минути.
