Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Америка и објавила економска војна на Русија, додавајќи дека тоа ја дестабилизира глобалната економија.
„САД и објавија економска војна на Русија и тие де факто ја водат оваа војна“, рече Песков, додавајќи дека Русија на тоа ќе одговори со контрасанкции за што е можно повеќе да ги ограничи економските последици.
„Русија ја одржува својата репутација како сигурен снабдувач на енергетски ресурси“
Русија беше и останува сигурен гарант на глобалната енергетска безбедност и негува репутација на сигурен снабдувач на енергија, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
Ние постојано кажавме дека Русија била, е и ќе продолжи да биде сигурен гарант за енергетската безбедност не само на европскиот континент, туку и на глобално ниво. Дури и сега, како што можете да видите, енергијата се доставува до клиентите. Русија ја одржува својата репутација како доверлив снабдувач со енергетски ресурси“, им рече Песков на новинарите на прашањето дали Русија е подготвена да испорачува нафта и гас на земјите што воведоа и поддржаа санкции против неа.
„Одговорот ќе биде брз“
Говорот на Песков дојде откако Русија во средата го предупреди Западот дека подготвува одговор на санкциите кој ќе биде брз и фокусиран на најранливите аспекти.
„Русија ќе реагира брзо и смислено, фокусирајќи се на најчувствителните аспекти на оние на кои ќе дејствува“, рече Дмитри Биричевски, шеф на одделот за економска соработка во Министерството за надворешни работи, најавувајќи го рускиот одговор на санкциите.
По санкциите на Западот поради инвазијата на Украина, кои го погодија најголемиот дел од рускиот финансиски и корпоративен сектор, руската економија се соочува со најголемата криза од распадот на Советскиот Сојуз.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера воведе актуелна забрана за увоз на руска нафта и други извори на енергија поради руската инвазија на Украина.
Русија претходно оваа недела предупреди дека доколку САД и ЕУ забранат увоз на сурова нафта од Русија, цената на таа енергија може да скокне на повеќе од 300 долари за барел.
Русија вели дека ја снабдува Европа со 150 милиони тони нафта годишно, што е 30 отсто од вкупната годишна потрошувачка на Европа од 500 милиони тони. Русија наведува и дека испорачува 80 милиони тони петрохемиски производи во Европа.
