Популарната платформа, која има повеќе од 600 милиони корисници, наскоро би можела да биде забранета во Русија.
Како што пренесува рускиот весник Комерсант, во оваа земја наскоро би можело да биде забрането користењето на комуникациската платформа Дискорд.
Според овој медиум, компанијата Дискорд во последните десет дена добила пет различни казни за кршење на руските закони, поради што и се заканува трајно исклучување.
Дискорд, кој имаше 614 милиони регистрирани корисници на почетокот на оваа година, би изгубил околу 30-40 милиони од нив доколку биде блокиран во Русија.
Во моментов, ова е најпопуларната платформа што ја користат гејмерите за комуникација, така што не може да се каже дека постои замена.