Иако изгледа како комплицирано, сепак можете да ги подготвите релативно брзо и лесно.
Потребно за бисквит:
- 4 јајца
- 100 гр шеќер
- 2 лажици масло
- 2 лажици чоколадно млеко
- 5 полни лажици брашно
- 1 лажица какао во прав
- 1 лажица рендано чоколадо
- 1 прашок за пециво
Фил
- 500 мл млеко
- 100 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 пудинг од слатка павлака
- 1,5 супени лажици густин
- 100 гр путер
За прелив и посипување:
- 100 гр чоколадо
- 1 лажица масло
- 60 гр кокос
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќер, се додава просеаното брашно со прашокот за пециво, какаото и ренданата чоколада. Сè израмнете и истурете во плех обложен со хартија за печење.
Печете 15-20 минути. Изладениот бисквит извадете го со мала тркалезна чаша. Потоа сварете го пудингот и засладете го по желба, па изладете.
Изматете го путерот со малку шеќер, па додадете го во ладниот пудинг и измешајте. Премачкајте со лажица со многу крем исечен бисквит и лепете со друго празно.
Намачкајте го кремот однадвор и валкајте во кокос. За преливот растопете ја чоколадата, додадете го маслото, измешајте и прелијте ги капачињата. Оставете ги капачињата да се стегнат, па послужете.
