Македонија

Руски олигарх под санкции профитира од македонски брзи кредити

Руски олигарх под санкции профитира од македонски брзи кредити

Контроверзен руски бизнисмен по име Олег Викторович Бојко кој се наоѓа на листа на санкции на три држави, поради поддршката на руската влада која изврши неиспровоцирана инвазија врз Украина, има фирма за брзи кредити во Северна Македонија, објави Радио Слободна Европа.

Се работи за лице кое е санкционирано во Украина, Канада и Австралија. Исто така и американското министерство за финансии го стави Бојко на таканаречениот „Список на Путин“, на кој се наоѓаат руски олигарси блиски до рускиот претседател Владимир Путин.

Бојко поседува фирми за брзи кредити во над 30 земји низ светот, а тоа што е санкциониран од неколку земји и што дел од неговите фирми се вмешани во скандали, не го спречува да води бизниси и во Северна Македонија.

Целата вест на следниот ЛИНК:

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни