Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

САД: Бројот на жртвите во ураганот Хелена се зголеми на 116, илјадници луѓе останаа без домови

САД: Бројот на жртвите во ураганот Хелена се зголеми на 116, илјадници луѓе останаа без домови

Смртниот биланс на ураганот Хелена кој ги погоди Јужна Каролина, Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, изнесува 90 лица. Властите стравуваат дека бројот на жртви ќе се зголеми, со оглед дека неколку лица се пријавени како исчезнати и се трага по нив.

На југоистиокот на САД почнаа големи активности за чистење и обнова од силниот ветер, дожд и надојдена вода од ураганот.

Штетите се проценуваат од 15 до над 100 милијарди долари.

Во Северна Каролина, бројот на загинатите се зголеми на 11 лица, изјави вчера гувернерот Рој Купер. Според него, сите патни делници во западниот дел на државата треба да се сметаат за затворени, а за нивна обнова ќе бидат потребни месеци. Во овие области со авион се доставуваат храна и вода.

-Ова е трагедија без преседан која бара одговор без преседан, рече Купер на прес-конференцијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни