Свет

САД: Најмалку четворица пилоти виделе мистериозни светла на небото над Орегон

САД: Најмалку четворица пилоти виделе мистериозни светла на небото над Орегон

Најмалку четворица пилоти на американски патнички авиони виделе мистериозни, тркалезни светла кои се движат со извонредна брзина на небото над Орегон, јавуваат денеска американските медиуми.

Тие го пријавиле своето искуство во контролата на летање, објави Њујорк пост.

На снимката од нивниот разговор со контролата на летање, се слуша како еден од пилотите на Јунајтед ерлајнс прашува дали има некоја воена активност во областа, на што контролорот одговорил негативно, но додал дека добиле повеќе пријави за чудни светла на небото.

Пилотот подоцна рече дека видел три или четири објекти на небото како се движат нагоре-надолу со неверојатна брзина и се искачуваат на височина од 50.000 стапки.

Двајца други пилоти на Хоризон ерлајнс опишаа слични мистериозни црвени светла кои се движат со екстремна брзина во цик-цак шема.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни