САД не размислуваат за враќање на нуклеарното оружје на Украина, од кое земјата се откажа по распадот на Советскиот Сојуз, изјави во неделата советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Саливан ова го изјави како одговор на прашање за напис објавен минатиот месец во Њујорк Тајмс во кој пишува дека некои анонимни западни функционери рекле дека американскиот претседател Џо Бајден би можел да и даде оружје на Украина пред да ја напушти функцијата.
„Не, тоа прашање не се разгледува. Сега работиме на зголемување на различните конвенционални капацитети за Украина за да може нејзината армија ефикасно да се брани и да се бори против Русите. И тоа не ги вклучува нуклеарните капацитети“, изјави тој за ABC.
Минатата недела Русија рече дека таквата идеја е „апсолутно лудило“ и дека спречувањето на такво сценарио е една од причините зошто Москва испрати војници во Украина.
Киев го наследи нуклеарното оружје од Советскиот Сојуз по неговиот распад во 1991 година, но се откажа од него според договорот од 1994 година, Меморандумот од Будимпешта, во замена за безбедносни гаранции од Русија, САД и Велика Британија.