Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Свет

САД не сакаат војна со Иран, велат од Пентагон

САД не сакаат војна со Иран, велат од Пентагон

Портпаролката на американското Министерство за одбрана Сабрина Синг денеска изјави дека не може да зборува за можна израелска агресија врз Иран, но дека е сигурна дека Вашингтон не сака војна со Исламската Република.

„Американските и израелските официјални лица се во постојан контакт меѓу себе и продолжуваат да се консултираат со Израелците за да дознаат каков ќе биде нивниот одговор“, рече таа, додавајќи дека не сака да зборува врз основа на шпекулации.

Синг уште еднаш ја повтори американската поддршка за „правото на Израел да се брани од закани“, се вели во соопштението на Пентагон.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни