Свет

САД: Се урна балкон на зграда во Синсинати, повредени се 10 лица

САД: Се урна балкон на зграда во Синсинати, повредени се 10 лица

Балкон на третиот кат од зграда во близина на Универзитетот во Синсинати се урна во петокот вечерта, соопштија локалните власти, додавајќи дека 10 лица се хоспитализирани по падот, од кои едно е во критична состојба.

„Пет лица се здобиле со сериозни повреди, додека четворица се здобиле со полесни повреди“, изјави капетанот на полициската управа во Синсинати, Стивен Бауер, за време на прес-конференцијата, според ABC.

Тој рече дека многу студенти живеат во зградата каде што се урна балконот и додаде дека во времето на несреќата тие славеле успешно положување на важен испит.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни