Македонија

Сали за инцидентот на аеродром: Испраќањето на обезбедувањето на Гаши е за смирување на ситуацијата, но што се случило не знаеме!

Сали за инцидентот на аеродром: Испраќањето на обезбедувањето на Гаши е за смирување на ситуацијата, но што се случило не знаеме!

Пратеникот од коалицијата „Вреди“, Беким Сали денеска во изјава за медиумите истакна дека тој не може да каже точно што се случило на скопскиот аеродром, како и дали некој треба да сноси одговорност оти за тоа треба да се произнесат надлежните органи. 

„Сѐ додека не биде разјаснето од страна на истражните органи, дали има вина или нема вина, јас не можам да дадам став – позитивен или негативен, да бранам некого или пак да обвинувам за некоја постапка за што немам ни видео доказ, ни аудио“, рече Сали.

Според Сали, испраќањето на членот на обезбедувањето на Гаши на скопскиот аеродром било со цел да се смири ситуацијата, меѓутоа, како што рече, „што се случило таму, не знаеме“.

Тој смета дека со тоа Гаши не ги прекршил ингеренциите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни