Бугарија вети дека ќе го отвори својот воздушен простор за да може руската делегација да учествува на самитот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Северна Македонија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во своето обраќање пред учесниците на научниот и стручниот форум „Примакововите читања“ во Москва, тој рече дека Северна Македонија ја поканила руската делегација на Министерскиот состанок на ОБСЕ.
– Се чини дека Северна Македонија не покани на министерскиот состанок на ОБСЕ, а се чини дека Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор. Ако тоа се случи, ќе бидеме таму – рече Лавров.