Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимоски денеска одржа прес-конференција на која се осврна и на неговото заканување кон уставните судии.
Ибраимовски посочи дека бил повикан во полиција, но тоа било за прашање поставено на социјалната мрежа Фејсбук и дека не се заканил на никого.
„Јас сум поставил само едно прашање – што ако настанат убиства? Сум го пренел гласот на народот, што ми пишуваат мене, во мојот инбокс, каде кажуваат дека: „ќе земам пиштол“ и дека: „ќе отепам некого“ или „јас ќе се отепам“. Тоа е мое едно поставено прашање, кој ќе одговара за настанати убиства ако се случат, ништо посебно закани сум имал кон судиите. Јас лично не сум се заканил нити на Ана Павлова Данева, нити на претседателот на судот. Претседателот на судот, гласаше во првиот состав, кога се одлучуваше за овој закон. Сега во второто прегласување тој гласаше против својата самостојна одлука. Дали нешто не е во ред и дали има индиции тоа треба да се позанимава јавниот обвинител затоа што овој закон е спас за народот што не се почитува веќе една година и има правосилни пресуди добиени што не ги почитуваат извршителите. Ова е една голема игра меѓу извршителите, олигарсите, судиите“, истакна Ибраимоски.