Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски кажа дека единствен амбасадор кој нема одржано консултации е Љубомир Фрчкоски. Тој во моментот кога бил повикан на консултации, пријавил боледување.
„Тој е единствен амабсадор со кого не се одржаа консултации. Причината е поради тоа што кога беше повикан, пријавил боледување. Му посакувам добро здравје, но тоа не значи дека постапката ќе се одолговлечи. Имаме сериозни индиции за финансиски злопупотреби и ќе има утврдување на одговорност, без разлика на боледувањето“, рече Муцунски во дневникот на Сител.
Консултации се одржани со амбасадорите Андреј Жерновски, Весел Мемеди и Данчо Марковски..
Во врска со амбасадорот Мемеди, како што посочи тој, МНР спроведува постапка во врска со дописот од негова страна до италијанските власти дека не важат пасошите со старото име во период кога немаше документи. Како што рече Муцунски, Мемеди немал соодветна инструкција од МНР за да преземе таков чекор, односно тоа го сторил самостојно.
Во врска со Жерновски, шефот на дипломатијата изјави дека постојат сериозни индиции за формално-правниот аспект на неговото стапување на функцијата и дека е почната внатрешна процедура за да се види дали има или нема одговорност.

