Седницата на која треба да се дискутира дали да се отвори македонскиот устав и во него да се впишат Бугарите заедно со пет други народи ќе заврши брзо, дознава 4NEWS.mk од собраниски извори.
Седницата која доцни еден час, се уште не е започната. Но на неа претходела координација на политичките партии и било договорено само по еден да се обрати на седницата, односно другите пратеници да не се пријавуваат за збор.
Вакво сличен договор имаше за време на Комисијата која е прв филтер за почеток на уставни промени.
Гласањето нема да биде денеска бидејќи власта се уште нема 80 пратеници кои б дале поддршка.