Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека над 51 илјади патници влегле и излегле од ГП Табановце изминатиов викенд.
Според податоците од преминот од 13 до 16. јануари, годинава до пладне низ преминот поминале 51.515 патници. Од нив на преминот влегле 11.707, а излегле 21.701 македонски државјанин. Влез оствариле 8.289 странски државјани, а во истиот период излегле 9.818 лица, странски државјани.
„Најголем наплив на патници и возила имаше на 15-ти јануари годинава од 15:00 до 18:00 часот“, соопштија од ГП Табановце.
Во моментов на ГП Табановце редовно се одвива сообраќајот.