Македонија

Сања Лукаревска избрана за „Млада жена менаџер на годината“!

Во склоп на конференцијата „200 жени претприемачки”, се одржа прогласувањето на победничките во првиот македонски избор на „Жена на годината”.

Меѓу овогодинешните лауреате се најде и првата жена на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во категоријата млада жена менаџер на годината.

Лукаревска откако е дојдена на чело на УЈП започна и спроведува голем број на проекти, а меѓу најголемите е и мерката поврат на ДДВ кај граѓаните.

Целта на изборот е да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.

Организатори на “Жена на годината” се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Поддржувач на изборот беше Сојузот на Стопански Комори на Македонија, а главен покровител на конференцијата беше Пивара Скопје.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни