Близначки, Сара и Јана, се првите бебиња родени во 2025 година во Велес. Мајката, Виолета Андовска од село Сујаклари, има 30 години и веќе има син, Давид.
Доктор Силвија Богоевска ги породи бебињата со царски рез – првото со тежина од 3.220 кг и второто со 3.200 кг.
Градоначалникот Марко Колев ги посети мајката и бебињата, им подари подароци и посака повеќе новороденчиња во 2025 година. Во 2024 година, во велешката болница се родиле 280 бебиња.