Сашко Јовев: Не е точно дека сум нападнал некого, жртва сум на секојдневен мобинг и од стрес лежам на Кардиологија!

„Не е точно дека јас сум нападнал некого. Практично, јас пријавив вербален напад и само буткање во кое имам повреда на окото од лупите на колегата“, вели во изјава за „Фокус“ кардиохирургот и поранешен директор на Клиниката за кардиохирургија во Скопје, Сашко Јовев.

Неговата изјава следува откако претходно денеска Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека актуелниот директор на Клиниката, Марјан Шокаровски, бил физички нападнат од вработен во установата со иницијали С.Ј., кој, пак, самиот го пријавил нападот в полиција.

„Не е точно дека јас сум нападнал некого. Нападoт е најдобра одбрана. Практично, јас пријавив вербален напад и само буткање во кое имам повреда на окото од лупите на колегата. Тој што сум пријавил сум јас“, вели Јовев за „Фокус“.

Сè останато, додава Јовев, може да е монтажа, како и таа досега во последните неколку месеци.

„Јас лежам на Кардиологија заради стрес. Инаку, сум жртва на секојдневен мобинг“, додава кардиохирургот Јовев во изјавата за „Фокус“,

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното