Македонија

Сашко Кедев се искачи на врвот на светот: Македонското знаме се вееше на Анапурна!

Сашко Кедев се искачи на врвот на светот: Македонското знаме се вееше на Анапурна!

Членот на Македонската академија на науките и уметностите, професор, светски кардиолог и доктор Сашко Кедев повторно, како учесник во експедиција од Македонија, се искачи на врвот на светот.

Се работи за еден од десетте највисоки врвови на Хималаите и светот, Анапурна.

Тоа е врв што најмалку е искачуван досега од планинари, а годишно во просек на овој врв одат 70-80 врвни професионални алпинисти, додека пак само еден до двајца успеваат да ја искачат.

Ова е прва експедиција во 2023 година што го освојува врвот Анапурна, а Кедев е дел од експедиција со 4 други планинари и 7 локални водичи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни