Македонија

СДСМ: Дали Муцунски, Тошковски и Мисајловски исто имаат проблем со колената?

СДСМ: Дали Муцунски, Тошковски и Мисајловски исто имаат проблем со колената?

Од СДСМ велат дека премиерот Христијан Мицкоски ги признал луксузните патувања, скапите карти од 20.000 евра и бизнис класите платени со пари на граѓаните.

„Но, во исто време Мицкоски лаже и ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Особено кога без око да му трепне вели дека причина за тоа биле проблеми со колената.

Дали Муцунски,  Тошковски и Мисајловски исто така имаат проблем со колената? Па затоа мора и тие да патуваат со бизнис класа?

Зошто молчеше и се криеше со денови откако СДСМ го откри јавно скандалот со луксузните патувања?

Ќе ги објави ли сега Владата сите трошоци кои ги платија граѓаните за луксузните прошетки на Мицкоски и неговите министри?

Наместо да води грижа за секој денар, за тоа како да се трошат парите, Мицкоски дрско, дури и безобразно мува не го лази за начинот на којшто се расфрла и се луксузира на државен трошок.

Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања“, велат од СДСМ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни