Македонија

СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата

СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата

Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Општинските организации на СДСМ ќе се вклучат во помошта за настраданите во пожарот, велат од СДСМ.

„Изразуваме длабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во огромната трагедија што се случи во Кочани. На повредените им посакуваме брзо и целосно закрепнување.

Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со сите засегнати од оваа страшна несреќа“, се вели во соопштението на СДСМ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни