Македонија

СДСМ: Хаос има во ВМРО-ДПМНЕ, МВРО-ВМРО е минато, полицијата сега работи професионално

СДСМ со соопштение враќа на прес-конференцијата на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, кој денеска истакна дека во Скопје владее хаос, дека е зголемен степенот на криминалот, а намалена откривачката дејност.

„ВМРО-ДПМНЕ е во хаос, целосно загубена во сопствените деструкции и лажните вести.

Коалиција со криминалот, неказнивоста и селективноста во постапувањето беа одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

МВРО-ВМРО е минато, нема повеќе злоупотреба на полицијата во лични или партиски цели.

По преземените реформи, полицијата работи професионално, ефикасно и во обезбедување на мирот и безбедноста. Се постпаува по секое прекршување на законите и против сите кои постапуваат незаконски се поднесуваат кривични пријави до надлежните обвинителства.“, се вели во соопштението на СДСМ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни