СДСМ: Која држава ја претставуваше Гордана Сиљановска-Давкова вчера во Софија?

СДСМ обвинува за, како што рекоа, дипломатски дебакл по вчерашната посета на претседателката Гордана Силјановска-Давкова на Софија.

„Македонската делегација на чело со Гордана Силјановска Давкова, вчера во Софија доживеа дипломатски дебакл, а напата држава досега невидено понижување и срам на меѓународна политичка сцена. 

Гордата Гордана и придружните министри во Софија беа пречекани како претставници на некои локални бугарски клубови или општински институции, а не како меѓународни високи претставници на држава членка на НАТО и важен партнер на Бугарија. 

Гордата Гордана се согласила на средба без да се истакне македонското знаме, избра да праќа соопштенија до јавноста без користење на државното уставно, се согласила на средба без заеднички изјави за медиумите. Ова е огромен срам.  

Сиљановска оттаму се враќа без никаква конкретна порака или договор. Прашањето е зошто ја плаќаат граѓаните Гордана, за да гледа опери и ужива? Малку ли и беа три месеци на одмор во Охрид летово во вилата?

Ја прашуваме Гордата Гордана и нејзиниот шеф Мицкоски, која држава ја претставуваа во Бугарија и со кои симболи?

Каде се изгуби државното име и во него Македонија – за чие меѓународно признавање се бореа генерации?

Каде се изгуби ветената и неостварена гордост?

Дали сликањето до бугарското знаме значи дека ја претставува Бугарија?“, прашува Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното