Македонија

СДСМ: Мицкоски е за коалиција со Левица, против НАТО и против ЕУ

СДСМ: Мицкоски е за коалиција со Левица, против НАТО и против ЕУ

Од СДСМ велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јавно, пред целата македонска јавност кажа дека е за коалиција на ДПМНЕ со Левица.

„Со ова Мицкоски директно го потврди она што СДСМ цело време го говори поврзано со коалицијата на ДПМНЕ и Левица.

Мицкоски ќе преговара за коалициски брак со Левица, која е анти-ЕУ и анти-НАТО партија, фактор на дестабилазија, изолација и загрозување на европскиот пат на земјата.

Паднаа сите маски на ДПМНЕ.

Мицкоски ја покажа вистината за неговите политички дилови со Левица на штета на државните и национални интереси“, порачаа од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни