Македонија

СДСМ: МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување 

СДСМ: МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување 

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки, вели на денешната прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

„Повторно воспоставување на режимските практики, на контрола преку заплашување и прислушкување на новинари, активисти и неистомисленици на власта.

На почетокот на мај оваа година МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди.

Дали следењето и прислушкувањето новинари, активисти и политички неистомисленици се таргет на МВРО-ВМРО?

Софтверот “Селебрајт Инсајтс Про” како и “НовиСпај” се алатки развиени за потребите на српската Безбедносно информативна агенција.

Проблематично е тоа што во светските медиуми и официјални соопштенија на Гугл, за овој софтвер се наведува дека бил користен за следење на новинари и активисти.

“Амнести интернешнл” во својот извештај објави целосно истражување и форензички резултати за овие случувања.

Сега МВР набавува годишна лиценца за софтвер Cellebrite Inseyets Online Pro, годишна лиценца за Recon ITR, Recon Lab, Exterro FTK Enforcement Bundle за 9 милони денари.

Ова се скандалозни и загрижувачки информации.

Зошто МВР го избра најсомнителниот софтвер, познат по низа скандали и незаконско следење? 

Ќе се прислушкува ли повторно „на големо“ и тоа без соодветни одобренија од правосудните органи? 

Ќе има ли кој да контролира и како би се контролирало недозволено следење, снимање, упад во комуникациите на граѓаните?

МВР должи одговори на јавноста“, вели Илиевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни