Македонија

СДСМ: Ново мафијашко убиство во Скопје, неспособноста на власта на Мицкоски Македонија ја претвори во Див Запад

СДСМ: Ново мафијашко убиство во Скопје, неспособноста на власта на Мицкоски Македонија ја претвори во Див Запад

За неполни 24 часа се случија две мафијашки пресметки во Скопје, медиумите пренесуваат дека едно лице е убиено утрово на паркингот кај Мавровка, а во синоќешното пукање во Сингелиќ има повредени, велат од СДСМ.

„Граѓаните се вознемирени и се чуствуваат небезбедно. Ваквите пресметки стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски не успеваат да ги најдат сторителите и да ги расчистуваат случаите.

За потсетување, во мандатот на Тошковски имаше три убиства и три обиди за убиства а разрешница имаше само за еден случај. Неспособноста на власта на Мицкоски Македонија ја претвори во Див Запад.

Криминалните банди буквално хараат, криминалците бегаат од затворите кои се како хотел Промаја, а граѓаните стравуваат за својата безбедност.

Нема скандал во изминатите 3 месеци а да не е поврзан со Тошковски и МВР.

Тошковски е најнеспособниот министер за внатрешни работи и веднаш треба да си даде оставка“, стои во соопштението на СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни