Македонија

СДСМ: Оставка за скандалозните помилувања од Сиљановска и одговорност од нарачателите

СДСМ: Оставка за скандалозните помилувања од Сиљановска и одговорност од нарачателите
Очигледно власта мисли дека комисијата треба да жртвено јагне за да се спаси Сиљановска и нарачетелите на овие скандалозни помилувања, вели Методија Илиевски од СДСМ на денешната прес-конференција.
„Претседателката Силљновска ги дава  и одлучува за помилувањата, не комисијата и целосната одговорноста е кај неа.
За скандалозните помилувања мора да има одговорност и за Сиљановска и за нарачателите.
Во април 2023 година унгарската претседателка Каталин Новак си поднесе оставка поради скандал со помилување на едно лице.
Сиљановска помилуваше и нарко бос и осудени криминалци, вмешани во шпионски афери.
Нели Унгарија и Орбан се моделот кој го следи Христијан Мицкоски?
Еве по примерот на Унгарија нека се одважи Сиљановска и нека понесе одговорност, нека си даде оставка“, вели Методија Илиевски од СДСМ на денешната прес-конференција.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни