Од СДСМ со реакција по повод изјавата на министерката за образование Весна Јаневска, дека оваа година ќе нема учебници на странски јазици, и дека „децата и онака учеле од серии“.
„ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два месеци откако ја преземаа власта, потврдија дека образованието за нив воопшто нема да биде приоритет. Министеката Јанева, вчера во скандалозна изјава рече дека учебници по странски јазик нема да има, но тоа не е проблем затоа што учениците учеле од серии. Тажно е што ДПМНЕ постави министерка за образование, која внимавајте, смета дека било важно децата само да разбираат странски јазик, а не да учат граматика, заменки и именки.
Покрај оваа крајно скандалозна и комична изјава во исто време, Јаневска потврди дека статусот на просветните работници за ДПМНЕ не е важен. Потврди дека примањата и платите на образовните работници нема да се покачуваат како што тоа беше во времето на СДСМ. Ако биде се добро со растот на економијата, тие може да се надеваат на покачување дури во март. Ова се политиките кои го уништија образованието и го срозја достоинството на наставниците, а сега ДПМНЕ ги враќа на голема врата.
Се кратат средства во програмата за инвестиции во образованието, како и во програмите за проекти во основно и средно образование. Ова значи дека ДПМНЕ крати од програмите кои значат подобра ифраструктура, од проекти за поддршка за ранливите групи на дечиња и крати од програми кои обезбедуваат професионален развој и напредување во кариерата на наставниците. Во пракса, ова ќе донесе целосен застој во развојот на образованието“, рече Даниела Николова, пратеничка од редовите на СДСМ.

